Американскиот актер Шон Пен му ја додели наградата Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на главниот град Киев, јави Би-Би-Си.
На видеото објавено на каналот Телеграм на Зеленски, исто така се гледа како претседателот на Украина му го врачува Украинскиот Орден за заслуги на Пен.
Шон Пен, ја напушти Украина во март додека снимаше документарен филм за конфликтот, а подоцна рече дека размислува да им се придружи на украинските сили за да се бори против Русија.
Шон Пен и неговиот колега актер Бен Стилер по овој настан се најдоа на листата „непожелни“ во Русија.







