„Апелираме до Европската унија за итно пристапување на Украина по пат на нова специјална процедура“, побара украинскиот претседател Володимир Зеленски во најновото видео обраќање.
„Нашата цел е да бидеме заедно со сите Европејци и што е најважно да бидеме рамноправни. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека тоа е можно“, рече Зеленски.
„Украинците му покажаа на светот кои сме ние. И Русија покажа каква стана“, рече Зеленски.
Украинскиот лиде го објавибарањето додека руските и украинските преговарачи се подготвуваа да седнат на први разговори лице в лице откако рускиот лидер Владимир Путин им нареди на војниците да нападнат минатиот четврток.
Зеленски ги повика руските војници да го остават оружјето.






