На Украина и требаат „околу две милијарди кубни метри“ гас за да ја преживее зимата, изјави претседателот Володимир Зеленски пред земјите од Г7.
„Теророт врз нашите електрани не принуди да користиме повеќе гас од очекуваното. Затоа ни треба дополнителна поддршка оваа зима“, нагласи тој.
Тој исто така ги повика земјите од Г7 да испратат повеќе оружје во Украина, вклучувајќи „модерни тенкови“, како и „ракетна артилерија и повеќе проектили со долг дострел“.
„За жал, Русија сè уште има предност во артилерија и ракети. Ова е факт. Овие способности на окупаторската армија ја хранат ароганцијата на Кремљ“, рече Зеленски.
Зеленски предложи да се одржи специјален самит, кој тој го нарече Глобален самит за формула за мир, „за да се утврди како и кога можеме да ги спроведеме точките од украинската формула за мир“ кои ќе ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на Украина.
Украинскиот лидер ја повика Русија „да преземе конкретен и значаен чекор кон дипломатско решение“.
Тој повика „купаторот“ Москва да ја напушти украинската територија до Божиќ







