„Многу е важно да знаете дека ако Украина падне, тогаш сите овие (руски) трупи ќе бидат на границите на вашите земји-членки на НАТО… и вие ќе се соочите со истото прашање таму“, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за Си-Ен-Ен и Ројтерс..
Зеленски побара од НАТО безбедносни гаранции за Украина доколку не влезе во Алијансата Доколку партнерите од НАТО не се подготвени да ја прифатат Украина во Алијансата поради приговорите на Русија.
„Подготвени сме да разговараме за безбедносни гаранции за Украина, тоа зависи од нашите партнери“, рече Зеленски.
Според него, таквите гаранции би значеле зачувување на територијалниот интегритет на земјата, заштита на нејзините граници, целосна безбедност, конкретни односи со соседните земји, а овие обврски ќе и бидат законски загарантирани на Украина.
Околу противењето на Русија Украина да стане дел од НАТО, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенерг, како и претставници на сојузничките земји постојано нагласуваа дека Русија нема право да стави вето на членството на Украина во НАТО.






