Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката на Европската комисија и изрази благодарност до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и до сите членови во Комисијата за историската препорака Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за членство во Европската Унија.
„Ова е првиот чекор на патот за членство во ЕУ, што секако ќе придонесе и ќе ја доближи нашата победа“, порача Зеленски на Твитер.
„Позитивниот резултат од Европскиот совет го очекувам следната недела“, додаде Зеленски.







