Украинскиот претседател Владимир Зеленски им се заблагодари на неколку држави за доделената помош на неговата земја во војната со Русија, споменувајќи ја и Македонија, која со одлука на Владата од пред пет дена реши да им ги врати на Украинците 12. борбени хеликоптери Ми-24 што ги купи во 2001 година.
„Благодарност до Германија за новите чекори во одбранбената поддршка што беа преземени оваа недела.
Благодарност до Хрватска за уште еден пакет одбранбена поддршка. Благодарност до Северна Македонија за одлуката за хеликоптери. Благодарение на Словачка, Словенија.
Благодарам на Канада за финансиската поддршка, средствата веќе пристигнаа во државниот буџет на Украина.
Благодарност до ММФ за новата програма за Украина. Програмата е одобрена. Големината е повеќе од 15 милијарди долари. Ова ќе ни помогне да ја зачуваме социјалната стабилност“, рече Зеленски во обраќањето до јавноста.






