Олена Зеленска предупреди дека Украинците се во „смртна опасност“ и оставени да умрат доколку западните земји не продолжат со финансиската поддршка.
Ова го изјави првата дама на Украина во интервју за Би-Би-Си, еден ден откако републиканските сенатори во САД го блокираа клучниот предлог-закон за помош со кој би се обезбедиле повеќе од 60 милијарди долари поддршка за Украина.
Американскиот Сенат ја блокираше помошта за Украина и Израел
Во ексклузивното интервју што ќе се емитува денеска, Олена Зеленска изјави за Би-Би-Си рече дека забавувањето на помошта претставува „смртна опасност“ за нејзината земја.
Таа рече: „Навистина ни треба помош..И ако светот се измори, тие едноставно ќе не остават да умреме.
Првата дама продолжи: „Многу нè боли кога ги гледаме знаците дека страсната подготвеност за помош може да избледи.
„Тоа е прашање на живот за нас. Затоа, боли да го гледаме тоа“, рече Зеленска..
Белата куќа предупреди дека наскоро би можело да снема американски средства за Украина наскоро , но републиканците се откажаа од договорот за одобрување поголема помош.
Претседателот Бајден рече дека неуспехот да се договори за помошта за Украина ќе биде „подарок“ за претседателот Владимир Путин, предупредувајќи дека историјата „жестоко ќе им суди на оние кои го свртеа грбот на каузата за слобода“.






