Зеколи: Заев е свесен дека никогаш веќе нема да помириса власт

„Со неподнесување оставка и небарање оставки од соработници, Зоран Заев јасно дава до знаење дека е свесен дека веќе никогаш ниту тој ниту соработниците нема да примирисаат до власта.



Така, да … удри додека можеш е сè што остана од неговите „реформи”, напиша политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор Арсим Зеколи по денешната прес конференција на премиерот Заев.

Претседателот на владата денеска цврст на ставот дека објавените телефонски снимки со руски пранкери кои му се претставиле клако „Порошенко“ и „Столтенберг“ не се причина да поднесе оставка, бидајќи тој бил само жртва на структури кои сакаат да ѝ наштетат на евроатлантска перспектива на Македонија.