Зеколи: Заев, Димитров, Пендаровски почнаа да глумат лудило

Заев, Димитров, Пендаровски почнаа да глумат лудило. Да ги потсетам за цената која други ќе мораат да ја платат. Засновано врз вистинската приказна за односот на Груевски кон вербалното и пишаното, ветеното и заборавното во меѓународните односи и договори.



Прво, оценката на Софија дека не им веруваат (конкретно – ним!) е проследено со барање за правни гаранции. Тоа е резултатот на ставот на Пендаровски дека “Никаде во Договорот од 2017 година нема ниту една единствена буква, а не член, не пасус, не преамбула, каков било дел, кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на билатералните разговори за етничкото потекло на нас, Македонците”. Како прво, тоа е наша интерпретација на Договорот. Како второ, државното раководство (па и опозицијата) сеуште немаат понудено одговор на прашањата дали и што имаат ветувано при средбите во Софија во последните четири години. Посебно при првата посета на Заев во Софија (како сеуште лидер на опозицијата).

Пристапот на Пендаровски на легалистичко фокусирање врз пишаниот Договор и премолчување на политичките ветувања добива рефлексија во Бугарското барање за црно-на-бело правно обврзувачко испорачување на политички договореното или ветеното.
Впрочем тоа е и подвлечено во ставот на Захариева дека “до Март им верувавме” како и потсетувањата дека Скопје добро знаело кој е ставот на Софија и на крај напати нагласените укажувања дека “Заев добро знае …” Прашање на време е кога таа нападна инсинуација ќе добие и конкретна илустрација.

Второ, вообичаено веќе, дознавме од Захариева дека Софија има упатено допис поврзан со прашања од сферата на одбраната и заштитата на воздушниот простор, но Скопје не одговарало година и пол дена. Шеќеринска сеуште молчи, но нејзиниот молк не може да биде доволен да се спречи можноста да проблемот со Софија се префрли и во НАТО по оптужва за некоректен и нетранспарентен однос помеѓу земји членки. Доколку тоа се случи, можеби попат колегите и од Брисел ќе почнат да ја распрашуваат и за полжавната брзина во чистка на анти-западните израстоци во безбедносниот сектор.

Ич не би бил изненаден доколку на нејзинитее вообичаено воопштени, лимонадни, вербални безвезарии и одговорат со – да кажеме – конкретна листа на конкретни имиња со конкретна аргументација. А ионака, како што читаме и следиме, забележителен е порастот на воено-безбедносна соработка на САД со Бугарија.

Третото, колку за превентивно спуштање на земја, да потсетам дека обидите на Груевски да балансира помеѓу истокот и западот – според принципот “ако вие не ми дадете, јас ќе им дадам ним” – резултираа во негово отфлање од балансот. Не дека тројката Заев-Димитров-Пендароски е далеку од таквото размислување и ефект. Но за да не биде утре повторно куку-и-леле, упатно е да се предупредат (за добро на македонците) да спасот од 1945 не го бараат во Кирил и Методиј и руската верзија за ширењето на словенското писмо и јазик.

Настрана што можат да наидат на непријатни потписи од Курбиново под фреските на Кирил и Методиј. Туку со таков пристап можат да самите дадат подлога за нов календарски пристап од Софија преку отфрлање на 1945 и наметнување на 1990г.

Оние кои не учат од сопствената историја … Го знаете вториот дел. Историјата на Македонија со Груевски е добро позната, свежа. Поуката која не е извадена и совладана, чинам повторно ни се сервира – од своја рака. Во време груевистичко, Македонија беше заложник на Груевски. Така велеа Заев, Рада, Пендаровски. Но сега, станува евидентно, дека Македонија влегува во длабока дефанзива. Но не поради недостаток на аргументи и убедлива офанзива на Бугарија. Туку поради дефанзивата на нејзиното раководство предводено од Заев и Пендаровски и нивните залетувања и “касни палења”. Нивната Македонија има време за чекање – со марихуана во раце. За другата Македонија, има време за бегање со бугарски пасош во рака.

Фејсбук статус