Зеколи за Заев: Со какви се змии бил окружен, бррррр….

Екс амбасадорот на Македонија во ОБСЕ Виена Арсим Зеколи забележува кој од најблиските соработници на Заев не се обидуваат да го разубедат да се премисли за оставката.



“Чисто индикативно. Досега оставката не му ја оспорија: Шеќеринска, Оливер, Маричиќ, Димитров, Сугарески, Адеми итн. Барем, онака, реда ради.

Ама затоа, бардовите уште пред да се олади го пратија кај Ваниту.

Човече, со какви се змии бил окружен. Брррр….”, пишува Зеколи и вели дека премиерот ќе го наследи некој што ќе го потпише договорот со Бугарија договорен од Заев.

Зеколи во друг коментар го објаснува профилите на луѓето околу Заев.

“Шеќеринска е естаблишмент. Димитров е “све ќу да ти дам само да заиграм”. Оли е вмроец ама ептен подмукол за дпмне, па кај се нашло. Адеми е Едмонд “албанче за квота”. Мила е wanna-be Радмила без вијуги итн.
Лека ноќ”, вели Зеколи.