„Овој премиер е веќе политички пцовисан. Неговото шалабајзерство, кое ја погодува безбедноста на патниците на небото, е непростливо и веројатно ќе доведе до негова лична замена (заедно со Спасовски), или со отстранување на СДСМ (заедно со ДУИ).“ – реагира остро политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор Арсим Зеколи во објавата на својот фејсбук –профил со наслов „Адио, Ковачевски!“ во врска со најновиот упад во кулата на летањето во М-НАВ и тепањето на контролорите на летањето, кое го предводел Беким Незири, сегашниот шеф на чаирскиот огранок на ДУИ и поранешен министер за економија од редовите на оваа партија.
Зеколи пишува: Хронологијата на вчерашните настани е доказ дека САД-ЕУ се многу ефикасни кога се засегнати нивните интереси. По објавувањето на инцидентот на скопскиот аеродром, попладнето продолжи известувањето во медиумите. Во доцните вечерни часови беше објавено дека „Владата на следниот состанок на 9 јануари ќе го разреши целиот управен одбор на М-НАВ“. Значи, ќе биде потврдена итната одлука, која е веќе донесена.
Преведено, тоа значи дека „нашите меѓународни пријатели“ жестоко интервенираа во Владата, бидејќи прашањето за воздушниот сообраќај е прашање на националната и меѓународната безбедност, како и на безбедноста на НАТО. Бидејќи и „Луфтханза“ и „Бритиш ервејс“ летаат над нашето небо, но и „Аустриан ерлајнз“ и „Туркиш ерлајнз“, како и воени авиони за и од Блискиот Исток, Северна Африка…
Овој премиер е веќе политички пцовисан и може да се фотографира со амбасадорката Агелер. Неговото шалабајзерство, која ја погодува безбедноста на патниците високо над небото, е непростлива и веројатно ќе доведе до негова лична замена (заедно со Спасовски), или со отстранување на СДСМ (заедно со ДУИ).
Модуларната болница беше внатрешна работа. „Беса бус“ беше билатерално прашање. Но, инцидентот на аеродромот е меѓународен скандал со можни финансиски последици: секој авион плаќа за користење на воздушниот простор, а особено оние од цивилната и воената безбедност.
Селотејп држава.





