Зеколи прашува дали Заев стои зад “бомбите” за Рама објавени во Германија

Ексамбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи прашува дали Албанија и Македонија се пред конфликт на највисоко ниво.



Тој јавно го поатавува прашањето дали македонскиот премиер стои зад телефонските разговори кои му штетат на албанскиот премиер Еди Рама а кои ги објави германскиот таблоид Билд.

“Случајност или меѓу-државен скандал: дали Зоран Заев стои во позадината на бомбите за Еди Рама објавени во Билд? Сомнежите добиваат на тежина по денешната изјава на Катица Јанева”, пишува доброинформираниот Зеколи.

Шефицата на СЈО денеска изјави дека не знае дали бомбите што за Али Ахмети ги објавуваат членовите на Кумановската група преку Ел Чеко се од списокот на разговори што ги поседува нејзината институција.