Зеколи: Не врви веќе тактика „ако непослушен, залепи му вмројна, геројна“

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи го коментира начинот на справување со коронакризата во Македонија, со акцент на „алергијата“ на власта на укажувањата од критичарите како ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Героски итн.



„Не врви веќе тактика ‘ако непослушен, залепи му вмројна, геројна’. Нешто не штима во пристапот, а Куманово е несреќен пример кој треба да ги замисли и СК, ТЕ, БТ итн. Дебатата за линии, тела-антитела, кој-дал-недал е задоцнета и беспредметна. Време е за lockdown и тест-тест-тест“, порача на Твитер поранешниот амбасадор.