Зеколи: На што не потсетува “оставката” на Чулев (ВИДЕО)

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи предупредува дека не треба да им се верува на СДСМ и медиумите блиски на партијата преку кои испраќаат лажни вести до јавноста.



“На Наќе “оставката” е потсетник дека вести од СДСМ треба да се земаат со сомнеж и памет за методот на лажни вести: агресија -> хистерија -> патетика.
1. Пушти бомба “вест”.
2. Дигни галама.
3. По демантот, глуми маченик за правда”, смета Зеколи.

Како пример за ваква ситуација тој потсетува на лажните вести на партијата за фантомските гласачи додека СДСМ беше во опозиција.