Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи ја споредува стабилноста на Македонија со нестабилноста на соседните Албанија, Србија и Косово.
„Албанија, Србија, Косово се нестабилни бидејќи имаат опозиција, новинари, граѓани, борба. Македонија е стабилна бидејќи е полициска држава. Каде има борба, има реформи, прогрес. Полициски станици не се реформираат. Само се фарбаат“, напиша на Твитер поранешниот македонски амбасадор во ОБСЕ.





