Зеколи ги прозива одговорните за регистрација на Салафистичката заедница во Македонија

Покрај судијката која ја регистрирала контроверзната салафистичка исламска асоцијација има и други поодговорни од неа, смета екс амбасадоротот и политички аналитичар Арсим Зеколи.



“Медиумите одговорноста за регистрирање на Салафи заедницата ја лоцираат кај судијка С. Дончевска. Но први повикани за сносење одговорност и последици се МВР Спасовски и Министерот за Правда Маричиќ. И повторно прашањето за нивни НАТО сертификати. Плус дали Заев има и заслужува НАТО доверба”, пишува Зеколи.

Врската меѓу двете теми кои ги поврзува Зеколи е логична ако се знае дека членките на алијансата на своја територија не дозволуваат регистрација на врски организации кои се во спротивност со правилата и принципите на НАТО или организации кои се блиски на џихадистичката структура која ја формираше Исламската држава.