Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи му се обрати на премиерот Зоран Заев по трилатералната средба во Охрид со колегата Еди Рама од Албанија и српскиот претседател Александар Вучиќ во рамките на иницијативата „Мал Шенген“.
„Ма јашта. И референдумот успешен, и плати 500 евра, и датум добиен, и жичка нечепната. Сè што вети се оствари, ланско куково лето. Затоа, со ресто Балкан лузерите ќе барате амин од Макрон. Адио ЕУ.
‘Заев: Тоа што денеска го работиме не е алтернатива за полноправно членство во ЕУ’“, објави на Твитер поранешниот амбасадор.




