Зеколи до амбасадата на САД: Дали преку шпионскиот скандал ,,ФБИ – Мекгонигал-Рама” треба да се уценува и ВМРО-ДПМНЕ

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи поставува четири прашања до Американската Амбасада во Македонија во врска со функционерот на ФБИ кој ја водеше истрагата за руските врски на Доналд Трамп за на крајот да излезе дека тој самиот имал врски со руски линкови на Путин.



Американките власти веќе видат истрага за парите што Чарлс Мекгонигал ги примил од агент на албанската тајна служба, случај во кој се инволвирани и премиерот Рама и други албански фактори.

Зеколи сега прашува дали преку скандалот Мекгонигал се прави напор да се уценува македонската опозиција односно ВМРО-ДПМНЕ пред промена на уставот со цел влез на Бугарите во највисокиот правен акт на Македонија.

Рама веќе прозна дека бил близок пријател со Мекгонигал.

Прашањата што го интересираат Зеколи а се поврзани и со Агенти, Заев, Ковачевски и Таравари:

1. Дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот МекГонигал која ги потресува САД и Албанија?

2. Дали мрежата на влијание од МекГонигал преку Еди Рама ги опфаќа и Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Арбен Таравари како блиски до Рама?

3. Дали тековните напори за “зајакнување на коалицијата” е дел од истата шема ФБИ виа Рама?

4. Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување / дефамација на опозицијата според моделот употребен од ФБИ и Рама против Сали Бериша?

Поранешниот шеф на контраразузнавањето на теренската канцеларија на ФБИ во Њујорк е обвинет во две одделни обвиненија за наводна соработа со санкциониран руски олигарх откако се пензионирал и прикрил стотици илјади долари што ги добил од поранешен вработен во албанска разузнавачка агенција додека тој беше врвен функционер во ФБИ.

Чарлс Мекгонигал, 22-годишен ветеран на ФБИ до пензионирањето во 2018 година, бил уапсен на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди кога се враќал од меѓународно патување, изјавил за Си-Ен-Ен извор запознаен со апсењето.

Обвиненијата, објавени од канцеларијата на американското правобранителство во јужниот округ на Њујорк и Вашингтон, означуваат драматичен пад за Мекгонигал, кој го предаде својот пасош и во моментов му е забрането какво било меѓународно патување.

Тој се изјасни за невин преку неговиот адвокат на судењето во понеделникот попладне во Њујорк под обвинение во врска со кршење на американските санкции, заговор и перење пари за соработа со рускиот олигарх Олег Дерипаска, кој беше санкциониран поради мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Обвинителите тврдат дека Мекгонигал и Сергеј Шестаков, поранешен руски дипломат, кој работел како преведувач во федералните судови на Њујорк во Менхетен и Бруклин, ги прекршиле американските санкции со тоа што ,,копале нечисти информации” за ривалот на Дерипаска во времето кога тој веќе бил санкциониран.

Во Вашингтон, Мекгонигал е обвинет за прикривање врски што ги имал со лицето кое со децении претходно работело за албанска разузнавачка агенција, вклучително и примање 225.000 долари како исплати.

Обвинителите тврдат дека Мекгонигал, како вработен во ФБИ, требало да ги открие патувањата во странство и контактите со странски државјани, што не успеал да го стори.

Обвинителите тврдат дека за време на неколку патувања во странство во Албанија, Австрија и Германија, Мекгонигал не открил на американската влада дека се сретнал со премиерот на Албанија Рама, косовски политичар и други.

На еден состанок, обвинителите тврдеа дека Мекгонигал го повикал премиерот на Албанија да биде „внимателен околу доделувањето дозволи за дупчење на нафтени полиња во Албанија на руски компании“.

Поранешниот вработен во албанското разузнавање кој му платил 225.000 долари имал финансиски интерес од одлуката на владата за договорите.

Едно од плаќањата во готовина – 80.000 долари – наводно му била дадена на Мекгонигал додека седел во паркиран автомобил пред ресторан во Њујорк.

Под водство на Мекгонигал, ФБИ отвори истрага за странските напори за лобирање на американски државјанин врз основа на информации што ги добил од поранешниот вработен во албанското разузнавање, се вели во обвинението. Мекгонигал никогаш не ја открил својата финансиска врска.

Обвиненијата надвор од Њујорк тврдат дека тој првпат се сретнал со рускиот преведувач Шестаков во 2018 година додека бил во ФБИ преку руски разузнавач, познат како дипломат претходно во Министерството за надворешни работи на Советскиот Сојуз и Руската Федерација.