Зеколи до Агелер: Одмори со помошта во борбата против корупцијата, не остана гангстер без амнестија! – Ова е анархија на гангстери и дипломати!

„Аман, заман, Анџела, те молиме, одмори малку со помагањето во борбата против корупцијата. Не остави еден гангстер без амнестија, заради атер на ‘иднината во ЕУ’.“ – реагира низ иронија поранешниот амбасадор и сега политички аналитичар Арсим Зеколи на својот фејсбук-профил, потсетувајќи ја сегашната американска амбасадорка во Македонија Анџела Агелер на нејзината изјава, дадена пред една година, дека „ќе им помогне на властите да се борат многу поефективно против корупцијата“.



На фејсбук Зеколи, исто така, ѝ порачува на американската амбасадорка: Анџела, дали на почетокот на мандатот изјавивте дека ќе се борите против корупцијата, или оти ќе ја уништите антикрупцијата?

Анархија. Нема друг опис. Ова е обична анархија на гангстери и дипломати.