Зеколи: Да се основа политичко-територијална автономија, односно Асоцијација на албански општини во Македонија, како за Србите во Косово!

„Прашање е на времето која од албанските партии ќе го постави прашањето на новите инструменти за заштита на правата на Албанците. Најдостапен инструмент е моделот на Асоцијација на албанските општини, според моделот предложен од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Секако албанските политички партии ќе инсистираат за овој модел во Косово, ќе инсистираат истиот модел да се примени и во Македонија.“пишува на својот фејсбук-профил политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор Арсим Зеколи.



Во објавата натаму тој изнесува: Македонските партии се поотворено го искажуваат своето единство во демонтирањето на Охридскиот договор и на таканаречениот ‘балансер’ – ‘врамнотежувач’. Охридскиот соговор не само што не се почитува низ општините, туку тој е сега во фаза на негово отворено отстранување.

Им нудам бесплатна услуга на Изет Меџити, Билал Касами, Африм Гаши за изготвување отворено писмо, кое ќе биде упатено до амбасадите на земјите од групата КВИНТА, до ЕУ, НАТО ОБСЕ во Скопје, упатено и до Џемс О’Браен и Габриел Ескобар од САД, Мирослав Лајчак, Жозеп Борел, специјалните претставници на Франција, Велика Британија, Германија, Италија.

Отвореното писмо ќе содржи прашање зошто принципот „не етничко политичко-територијално решение“ важи за Албанците во Македонија, но не и за Србите во Косово, како и барање да се изјаснат јавно овие меѓународни чинители и личности дали го поддржуваат основањето на Асоцијацијата на албански општини во Македонија со исти надлежности, ист статут, со исти инструменти и финансии,како и со исти права за 30-те проценти Албанци во Македонија како и за оние за 4-те проценти Срби во Косово. Ако не, тогаш зошто не, зошто двојни стандарди?

Покрај изготвувањето на тоа отворено писмо ќе обезбедам и коверти и поштенски марки од мојот буџет. Вие, албански партии и лидери и вашите пратеници само ќе треба да го потпишете и да инсистирате на официјални средби.