Зеќа: Изборот на албански премиер е самоизмама на Албанците! –По 3 месеци Талат и тие пак ќе играат оро „ала македонче“!

„Во нормални околности изборот на албански премиер во * Македонија би нѐ направил сите да се чувствуваме среќни и горди, но привремениот избор без целосен уставен и правен мандант единствено претставува самоизмама на Албанците! По три месеци овој премиер и овие албански политички партии, кои се задоволуваат од позицијата преоден премиер, пак ќе играат оро ‘ала македонче’! Во оваа создадена ситуација Албанците имаат право да се смеат и да плачат едновремено!“ – вели политичкиот аналитичар Флорим Зеќа од Косово во својата колумна со наслов „Македонија нема да зборува албански ниту со Талат Џафери“, која ја објави информативниот портал „Косова инфо“.



Симболичен премиер за привремена радост на Албанците

Натаму Зеќа пишува: Албанците од Македонија, иако водеа „ослободителна“ војна, ниту се ослободија од македонските поробувачи-окупатори, ниту здобија какво било уставно право, дури ниту право како државотворен народ како што имаат и другите малцинства во регионот.

Прекумерното величење на случајот со Талат Џафери, како прв и историски премиер во * Македонија, претставува најголема и историска (само)измама на Албанците во оваа држава! Преодната влада нема целосни законски овластувања, ниту право да одлучува и да потпишува меѓународни договори. Случајот со Талат Џафери е показател колку лесно Албанците се залажуваат за позиции, макар и привремени, одалечувајќи се од големиот интерес: барањето меѓународно право да бидат државотворен народ во * Македонија!

По три месеци национална гордост Албанците ќе останат пак малцинство без никакви права во сопствената држава!

По три месеци овој премиер и овие албански политички партии кои се задоволуваат од позицијата преоден премиер, ќе играат оро „ала македонче“ како и досега, без да добијат никакво национално право, односно ниту право на двојазичност на целата територија на македонската држава! Во овие три месеци ќе слушаме величења и фолклорни и патриотски песни, но потоа ќе изгубиме желба да ги слушаме!