Зекири се сомнева дека има злоупотреби во ИВЗ

„Јас лично поставив пратеничко прашање дека државата мора да влезе и да проверува во верските заедници“ изјави во вчерашното гостување на МРТ пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири.



Во дебатата со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски Зекири упати критики на адреса на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и рече дека има дoкaзи за злoупотреба на ИВЗ од актуелниот поглавар.

„Јас како припадник на исламската верска заедница побарав да се влезе во ИВЗ, затоа што верниците муслимани имаат и имаме дoкaзи за злоyпотреба на таа институција од сегашниот поглавар“, изјави Зекири.