Мухамед Зекири реагираше по изјавата на министерот за образование Арбр Адеми кој за ТВ21 рече дека учебната година нема да се повторува бидејќи учениците следат онлајн настава.



Зекири на Фејсбук напиша дека неговата ќерка скоја учи во основното училиште Исмаил Ќемали до сега немала ниту еден онлајн час.

„Министерот Арбр Адеми денеска изјави дека нема училишта каде не се одржува онлајн настава. За жал реалноста е поинаква, министерот можеби не е правилно информиран. Во основното училиште Исмаил Ќемали во Чаир каде ули неговата ќерка немало до сега ниту еден онлајн час.“, напиша Зеќири.

ТВ21 ја контактираше директорката на ова училиште, Бурбуќе Имери. Таа вели дека онлајн наставата во ова училиште се одржува од првиот ден откако стигна најавата од МОН.

„Да да онлајн наставата се следи од првиот ден откако стигна најавата од МОН дека треба да се работи онлајн. Училиштето има своја платформа. Срамота за Мухамед Зекири, не знам зошто го прави тоа.“, рече Имери.

Инаку Адеми соопшти дека во текот на изминатава недела во општините биле поделени лаптопи и паметни телефони.

„Разговаравме со социјално загрозените семејства и во соработка со градоначалниците се поделени околу 3000 таблети. Со тоа се ублажува бројот на деца кои немаат опрема со која би следеле онлајн настава“, рече Адеми