Преку објава на Фејсбук, Мухамед Зеќири поднесе оставка на местото генерален секретар на Владата.



Обвинителството покрена истрага за можна сторена проневера од негова и двајца хрватски државјани, и тој денеска се очекува во Кривичен суд да даде исказ.

Рускоска: Знаеме каде се парите, истрагата за Зеќири се води од лани

„Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски. Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен.Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија“, пишува Зекири во објавата на фејсбук.

„ Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.

Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата.Со почит“ пишува Зеќири