Зекири од СДСМ најави влада без ДУИ!?

„Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не!“, рече синоќа Мухамед Зеќири во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 каде жестоко дебатираше со пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими околу тоа кој е виновен за неодземањето на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.



Зекири рече дека СДСМ во наредните денови ќе одржи состанок на кој ќе се разговара и за оваа тема.

Во дебатата се јави и Талат Џафери кој го осуди однесувањето на  Зеќири како пратеник и повторно одговорноста за случајот Вељаноски ја префрли на претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски.