Потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири бил изиритиран од вицепремиерот Бујар Османи, затоа што се фалел дека ДУИ го направиле проектот за реновирање на албанскиот театар.
„Многу ме иритираше фалењето на заменикпремиерот Османи со албанскиот театар. Има една поговорка: Со тоа што козата гордее, овцата се срами. Уште од времето кога јас бев новинар, се занимавме со албанскиот театар. Многу пати и од поранешната Влада, доделени се многу средства за реновирање на тој теарат, но многу пати се злоупотребени тие средства и некој ги украл тие средтва, може така отворено да кажеме“ вели Зекири.
Тој вели дека сегашната влада продолжи да помага за да се постигне да заврши овој проект.
„И не може сега тие што не успеале многу пати до сега да го решат ова прашање и биле проблемот, сега да излегуваат пред медиумите и да се фалат дека тие го направиле проектот за театарот“.
Зекири вели дека сите заслуги за позитивните промени во земјата се на Владата предводена од премиерот Заев, бидејќи ДУИ исто така беше на власт со Груевски и не можела да стори ништо.
Извор: Лајм





