Зекири и Спасовски исчезнаа од најмоќното тело на СДСМ

Двајца сменети потпретсатели на владеачката партијата Мухамед Зекири и Оливер Спасовски не се дел ниту од најмоќното партиско тело на СДСМ, извршниот одбор, кој ќе раководи со партиската структура.



Покрај нив од игра испаднаа и министерот Дамјан Манчевски и зам. Министерот Петар Атанасов.

Од својата заменичка позиција на Заев и член на ИО не откажа Радмила Шеќеринска.

За прв пат меѓу составот кој сега брои 16 (предходно 24) членови на Извршниот одбор, повеќе од пола односно девет, се жени.

Во новиот Извршен одбор на СДСМ влегоа: Фросина Ременски,
Благојче Бочварски,
Рената Десковска,
Костадин Костадинов,
Есрас Алихи,
Ѓоко Танасоски,
Весна Ѓершан,
Васко Талевски,
Тања Стојановска-Иванова,
Драган Тевдовски,
Љатифа Шиковска,
Стефан Богоев,
Кети Василевска,
Нина Велкова,
Петре Шилегов и
Маринела Ојлеска.

Во Извршниот одбор остануваат Благојче Бочварски, Драган Тевдовски, Есрас Алихи, Ѓоко Танасоски, Кети Василевска, Нина Велкова, Фросина Ременски, Рената Десковска,Петре Шилегов и Стефан Богоев додека нови имиња се Костадин Костадинов, Весна Ѓершан, Васко Талевски, Тања Стојановска-Иванова, Љатифа Шиковска и Маринела Олејска.

Во Извршниот одбор на СДСМ кој сега од 24 е намален на 16 членови, веќе ги нема
Аднан Џаферовски,
Александар Кирацовски,
Дамјан Манчевски,
Дијана Ќурчиска,
Љупчo Николовски,
Маја Миленковиќ,
Максим Димитриевски,
Мухамед Зекири,
Оливер Спасовски,
Петар Атанасов,
Радмила Шекеринска,
Тања Ковачев и
Хари Локвенец.