Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, по првиот круг од претседателските избори му ја честиташе победата на владејачкиот кандидат Стево Пендаровски, но воедно истакна дека станува збор за горчлива победа.
„Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија! Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!“, напиша Зекири.




