Зекири: Џафери имал „дил“ со Иванов за имунитетот на Вељановски

Во синоќешното гостување на 1ТВ, пратеникот Мухамед Зекири изрази сомневање дека претседателот на Собранието, Талат Џафери,имал договор со претседателот Иванов за да се задржи имунитетот за Трајко Велјановски, пренесува Либертас.



Зекири вели дека Иванов уште утредента по прекинувањето на седницата за имунитетот на Вељановски потпишал указ со кој унапредил фаворит на Талат Џафери на позиција генерал.

„Апсолутно тврдам дека лично го немам навредено претседателот на Собранието. Он направи таков скандал. Ова не го направил на своја рака, туку е смислено од ДУИ, затоа што ден претходно пратениците знаеја дека ќе има комисија, нивниот пратеник го снема, наводно бил болен, но тоа е друга работа. Кого сакаат да лажат или манипулираат? Вечерта Џафери го смени исказот, кажувајќжи дека немал што да стави на гласање. Тоа е чиста манипулација на Џафери“ рече Зекири.