Зејд: Јас сум опозиција, а опозиција секогаш гласа да падне владата

Јас сум опозиција, а опозицијата секогаш гласа да падне владата, рече пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд, непосредно пред почетокот на собраниската седница за интерпелација на владата, објави Алсат.



„Стојам на ставот дека Алтернатива, како политичка партија има своја визија и никогаш нема да дозволиме да бидеме дел од која било листа или власт во која дел ќе бидат и политички партии или партија која е и анти албанска и анти НАТО и анти ЕУ и анти Косово и анти сите современи вредности“, рече Реџепи.