По 3.000 денари ќе се зголемат платите на медицинските сестри и по 2.000 денари за сите останати вработени – од помошно-технички персонал, администрација, доктори – со мартовската плата.



Ова е резултат на постигнатиот договор на двата синдикати за задравство со претставниците на министерот Фатмир Меџити за зголемување на платата на кој беше потпишан анекс на колективниот договор.

Медицинските сестри ќе добијат 3.000 денари зголемување, а останатите вработени во здравство 2.000 денари.

Покачувањето ќе важи од март месец, а за официјализација се чека одобрувањето од министерство за финансии и министерот Фатмир Бесими.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски рече дека со притисок се успеало да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност.

Тој нагласи дека со неговото непотпишување ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

„ Очекуваме дека денешниот договор во најкраток период, во тек на наредната недела, ќе биде и официјализиран со потпишување“, рече Каранфиловски.

Членови на двата синдиката и денеска одржаа протест пред Министерството за здравство.