Збунетата и конфузна владина модна икона под седативи бара 10 илјади евра оштета од полковникот и пратеник Ковачки

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, бара отштета во износ од 10.000 евра од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, за тврдењата дека поседува хациенда во Радишани, вели за „Фокус“ пратеникот.



Министерката навела во тужбата дека била силно вознемирена поради обвинувањата, а ова го поткрепила со психијатриско вештачење.

Ова вештачење Ковачки го презентираше вчера од собраниска говорница. Во него, како што рече пратеникот, стои дека министерката е веќе неколку месеци под седативи.

-Конкретно на министерката за одбрана согласно извештајот од психијатарот, цитирам: и се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, проблеми во мислењето, збунета е и конфузна. Има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала – изјави тој на седницата за пратенички прашања.

Ковачки потенцираше дека според извештајот, министерката чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и вели 3 месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир, често има нарушен сон и инхибиција. Тој го праша премиерот дали не треба поради ова да ја разреши министерката.

За „Фокус“ тој додава дека кога е лице под седативи не е препорачливо ни возило да управува, а камоли, како што вели, да го води Министерството за одбрана.

,,Во даден момент може да се случи нешто. На пример Трамп и Бајден ги објавија своите здравствени картони уште пред почетокот на кампањата. Тоа е од јавен интерес. Јавните функционери мораат да бидат подложни на јавна критика”, смета Ковачки.

Министерката Петровска поради своите парчиња модна облека важи за модна икона на актуелната влада.

Владината модна икона со нов дизајниран фустан на 3 години од НАТО членството