На досегашниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ денеска му истекува мандатот, а во црногорското собрание новоизбраниот шеф на државата, Јаков Милатовиќ ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата претседател.
Церемонијата на инаугурација ќе започне во 12 часот.
Повеќето шефови на држави од регионот во сабота ќе дојдат во Подгорица на инаугурацијата на новиот претседател. Присуството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ се уште не е официјално потврдено.
Јаков Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува дека претседателот на државата се избира на непосредни избори на пет години.







