Завршува ли членството на Сашо Мијалков во ВМРО-ДПМНЕ?

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот состанок покрај потпретседателот Митко Јанчев и членот на извршниот комитет Костадин Богданов кој доаѓа од редот на реформаторите го исклучил и Сашо Мијалков поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ –  неофицијално дознава Денешен од извори од партијата.



Засега нема официјална потврда за информацијата на денешен.мк. Според неофоцијалните информации Мијалков е исклучен наводно поради неговата улога во гласањето за Преспанскиот договор во Собранието.

Според статутот на партијата ЦК моме да наложи на матичниот Општински комитет да поведе постапка за исклучување на некој член но не може сам да исклучува.

Линк до порталот денешен.мк