Заврши трката по Алиоски – македонскиот репрезентативец е новото засилување на Галатасарај

Летната трка по Езѓан Алиоски завршува – левиот бек на македонската репрезентација е новото засилување на Галатасарај. Тој таму ја продолжува својата кариера по завршувањето на договорот со Лидс. Наскоро треба и официјално да биде промовиран како ново засилување на Галатасарај.



Според „Фанатик“ челниците на клубот и Алиоски ги завршиле преговорите, деталите се прецизирани, а нашиот репрезентативец ставил потпис на договорот. Засега нема повеќе информации околу сумата и должината на соработката.

Галата не беше единствениот турски тим кој беше заинтересиран за македонскиот фудбалер, на неговата адреса имаше понуди од Трабзон и Фенербахче. Алиоски имаше шанса да остане во Премиер-лигата, но одлучи дека е време за нов предизвик.