„Завршете школо и магла од тука” – актерот Тасевски без влакна на јазикот

Без влакна на јазикот, актерот Сашо Тасевски, револтиран од измените на Кривичниот закон, напиша статус во кој говори дека во земјава за криминал ќе се лежи само една година затвор. Револтиран, тој вели дека секој втор ден на своите деца им зборува да заминат од тука.



„ Палермо 1986 за организиран криминал Фалконе бараше пресуди доживотен затвор за мафијашите, ги доби.

Џулијани во осумдесетите ги разбуца петте мафијашки фамилијии во Њујорк. Пресуди доживотна робија.

Македонија од 2023 година за организиран криминал ќе се лежи само една година затвор.

Ќе седнувате со децата секој втори ден ко јас и вака ќе им зборите: 

Завршете школо и магла од ова проколнато место. Ако ми јавите некад дека доаѓате на три дена дури и на одмор или да си ги видите родителите, ќе ве чекам на македонска граница, нозе да ви скршам“ напиша тој.

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10160926232527180?ref=embed_post