Завршете го ова: Колозова бара владата да заврши со консултациите и да го прифати бугарскиот протокол

Професорката Катерина Колозова ја охрабрува владата веднаш да запре со консултациите и да ги прифати францускиот предлог и бугарскиот протокол иако дури и екс амбасадорот Фуере вели дека тоа ќе значи затвор за Македонија за кој клучот ќе го има Софија.



Таа смета дека е доволно што владата се сретнала со дел од невладините организации блиски на неа и дека консултациите треба да завршат веднаш и да се прифати бугарскиот протокол со кој Софија ќе одлучува за многу македонски внатрешни прашања.

,,Завршете го ова. Беа сите консултирани. Слушнавме. Експлицитно беше кажано на протест и други места дека тие луѓе се против ЕУ- бесплодна е консултација “како во ЕУ” кога нејќе во ЕУ. Плус, ЕУ очекува од лидерството, исто како и во Бугарија и тука, да реши. Доста со консултацииве. Нека се заврши ова”, му сугерира Колозова на Марјан Забрчанец, владин пропагандист, кој по протестот против Бугаризацијата на Македонија во манипулативен пост ја обвини опозицијата дека не се борела за македонскиот јазик како што тоа го правела СДСМ.

На постот на Забрчанец има и друга интересна реакција на познат новинар кој важи за остар критичар на ВМРО-ДПМНЕ.

Михајловски: Од ЕУ научивме дека напред може само ако си Бугарин, не и ако си Македонец