Осум медицински лица и двајца пациенти од Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле се позитивни на корона вирусот.
“Таму се тестирани 46 вработени во заводот и 6 пациенти. Примероците се земени на 26-ти, 27-ми и 28- ми март. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Во текот на денешниот ден, тестирани се уште 16 пациенти , кои во моментов се уште се хоспитализирани во заводот“, иформираше миистерот Венко Филипче .
Од тие причини Заводот во Козле нема да работи во наредниот период” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.





