Затворски казни за професорите кои барале „секс за 6-ка“

Професорите се виновни, одлучи судот во случајот „Еразмус“ против Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и Драган Денковски .



Првообвинетиот Шуклев доби казна затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев, за кој судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор.

Условно осуден е и демонстраторот на Економскиот факултет, Драган Денковски, кој бил посредник меѓу студентите и професорите.

Ослободен од обвинението е професорот Стојан Дебарлиев, кого судот го прогласи за невин.

Професорите добија и забрана за вршење дејност во траење од 10 години, а на Денковски во траење од пет години, пренесува Макфакс.