Затворот Шутка доби фитнес опрема

Во затворот Шутка е поставена фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор, дознава „Денешен“



„Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно поактивно учество во спортски активности и исполнување на нивното слободно време со корисни содржини, како облик на третман на кои се посветува подеднакво внимание како и на останатите облици на третман на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и социјална адаптација“, наведува во соопштение директорот на затворот, Ѓоко Котевски.

Директорот Ѓоко Котевски кој, како што беше најавено од Владата, требаше да биде разрешен по изборите поради инцидентите во затворот.