Епидемиолошката служба и микриобиологија во Центарот за јавно здравје во Гостивар од синоќа се затворени, јави МИА.
Мерката засега е од привремен карактер откако вчера беше утврден позитивен тест на КОВИД 19 кај еден од вработените. Сите вработени, околу десетина, се упатени во домашна изолација.
Епидемиолозите во Гостивар изминативе денови извршија над 50 тестирања и спроведоа епидемиолошки анкети, а деновиве се очекува да биде отворен и пункт за тестирање.






