Затворен „хорор“ Домот за стари лица во Косово

По објавените снимки на кои се гледа како медицинска сестра малтретира 80-годишна жена, косовските власти ја одземаа лиценцата на Домот за згрижување стари лица „Оренда“ во Пеќ.



„Согласно собраните докази и искази донесена е одлука домот „Оренда“ до 7 ноември да престане да ја врши дејноста.Истите се должни за ваквата одлука во рок од 24 часа да ги известат членовите на семејството на старите лица кои живеат таму“, стои во соопштението.

Косовската, но и јавноста во регионот, беше згрозена откако на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка снимка од дом за стари лица во Пеќ, на која се гледа како вработена во домот, малтретира и тепа стара жена, жителка на домот.