Охридскиот инфлуенсер Илче Затаракоски со сатиричен коментар на пропагандата на премиерот Ковачевски кој почна да се слика со министрите на секоја владина одлука за намалување на цените на производите.
Премиерот вчера пак донесе камери и ПР стратези на сликање за поефтини млечни производи за неколку денари а предходно се сликаше и за намалени цени на лебот.
Затаракоски на шега му сугерира на премиерот кој министер или лик да го носи на специфични поевтинување.
,,Таче мојт да си носит различен чоек за секое поевтинување.
Пример, поевтинвет периките, си го носит Бујар. (дел од јавноста е убедена дека Османи носи некаков додаток за коса)
За органска храна, Маричиќ. (Предходно медиумите објавија дека вицепремиерот трошел многу службени пари за ручеци)
Препарати за нега на коса, Оли Спасовски (министерот беше мета на потсмев за неговата ,,пајак фризура”).
Брашно, Павле. Екс пратеникот Богоевски даде оставка од пратеничката функција по неговата нарачка во аферата ,,Полче” односно пола грам од некаква засега материја.
Тоалетна хартија, Ненад Ј. (Аналитичарот Ненад Јовановиќ нема афера со ваков вид на хартија па единствената логика е дека тој е експерт за друг вид на човечки активности)”, пишува Затаракоски користејќи го хаштагот
#DreamTeam или ,,тим од соништата”.
Текстот во заградите е дообјаснување од expres.mk






