Иљче Затаракоски, кој во свој стил коментира актуелни теми на Фејсбук, не го одмина најновиот „бисер“ на премиерот Зоран Заев, кој најде предност што Македонија уште нема вакцини, бидејќи граѓаните од вакцинирањето во други земји се увериле дека тие се добри.
„Предност е шо сте сиромашни пошо парите расипуваат!“, резонира охриѓанецот.
„Има една предност што сме, така да кажам, земја со задоцнување со вакцините. Земјите-членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, а од тоа може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави, треба да ги користиме сите“, изјави Заев.






