Иљче Затаракоски, кој во свој стил коментира актуелни теми на Фејсбук, во неколку реченици ефектно го скицира лавирањето во ставовите на поддржувачите на власта.
„Сè е до перцепцијата. Еве, на пример, кога гледаш на светот од шупакот на власта:
Ердоган не е веќе диктатор;
Вицепремиер за корупција и шеф на изборен штаб во исто време не е конфликт на интереси;
Отпадното масло е лажна вест сè дур не речат од партија поинаку;
Нормално е премиер сред пандемија да ги брка фудбалерите и да се слика за политички поени;
О.К. е да се апси за снимање на јавно место;
Законот за дивоградби е за добро на сиромашните;
Бритни Спирс беше постабилна на 18 години од ставовите ваши!“, заклучува охриѓанецот.






