Затаракоски со идеја како да се ,,крене маглата” над ,,прогресивните” и ,,националистите”

Еден од највлијателните луѓе на социјалните мрежи кој нема никаква партиска или политичка афилијација има идеја како да се ,,крене маглата” над ,,прогресивните” и ,,националистите”.



Илче Затаракоски предлага сите луѓе кои од почетокот на владеењето на Заев ги напаѓаат неговите критичари и ги етикетираат како непријатели на државата да ги откријат своите банкарски сметки за да се види дали тоа го правеле од идеологија или за пари.

,,А ај вака да напрајме.

Сите шо последниве 5 години немаат никаков проблем да го етикетираат секој што има да каже нешто против власта како националист и фашист, да ги обзнанат јавно примањата што ги лапаат откако се на браникот на прогресот, па да видиме дали им е до прогресот на земјата или до прогресот на банкарското конто. Шо викате?”, предлага Затаракоски.