Еден од најдуховитите Македонци на Фејсбук Иљче Затаракоски се подбива со власта и нејзините поддржувачи кои ја потенцираат улогата на опозицијата во настаните од 27 април а не сакаат да проговорат за амнестијата на Крсто Мукоски кој ја отвори вратата од Собранието и неколку други пратеници.
“Прав европеец мижи кога ќе се појави Мукоски на снимките од 27ми април”, пишува Затаракоски во еден од своите постови.
Останатите постови на Затаракоски од денеска:
“СДСМ: “Гласот за Силјановска е глас за насилниците и организаторите на 27ми април.”
За кои поточно? За тие што ги амнестиравте, за тие што киднаа или за тие што се во затвор?!”
“Синот на Мира Дизел најави отказ од ЕЛЕМ заради морални причини.
Или во превод: морал да се повлече за да може мама да продолжи да крка патни трошоци и дневници”.
“Синот на Мира Дизел или како шо е познат во Битола – Моралнио”
“Да беше секој ден Велигден, Џокси ќе беше милијардер”.
“Нов асфалт за улиците по кои ќе поминува папамобилот на папата.
Да слеташе на охридски аеродром и автопатон Охрид – Кичево ќе го завршеа”.





