Охридскиот интелектуалец Илче Затаракоски во неколку поста ги коментира потезите на премиерот и СДСМ меѓу кои е и одлуката на владата на сопругата на Ковачевски да и даде земја за ниска цена од 70 денари за квадрат.
Затаракоски ја коментира и сликата каде СДСМ се сликале во црвени елечиња:
,,Сите: Е не можит поглупо од ова!
Таче: Придржи ми ги макарониве и сликај!”, вели за фотографијата Затаракоски при што го користи хаштагот #ТачеватаЧетаГревови
Охриѓанецот по скандалите со сопругата на Ковачевски очекува таа да се офајди и од црвените елечиња на СДСМ.
,,Дека ептен ја биват за бизнис, не би ме чудело жена му на Таче да опнит еден ваков оглас:
🛑 Продавам ракави за црвени јакни, цена поволна.
Таче неделава не е ојден на пазарење…
И разбирливо…се потроши многу невестава со државното земјиште, па априлов на бајати макарони ќе се.
За држава во која двојкаши и келнери се алфа и омега, а Таче е премиер, 70 денари од квадрат е прилично скапо”, вели Затаракоски во постовите за премиерот и неговата според него паметна и убава сопруга.






