Затаракоски објаснува зошто Манчевски се повлекол од политика

Охридскиот афористичар Иљче Затаракоски со свој коментар за напуштањето на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на политиката.



“Нормално! Откако ја среди и дигитализира администрацијата, ги избрка тие што седат дома и земаат плата, нема повеќе предизвици што ќе го туркаат напред”, пишува Затаракоски.

Манчевски додека беше министер во повеќе наврати најавуваше дека ќе го среди проблемот со Рамковно вработените кои со години седат дома а примаат плата.

Проблемот не е решен до ден денес.