Затаракоски: Не се неплаќачи дека се Албанци туку некој им ветил дека за нив нема да важат законите

Откако апологетите на СДСМ ги нападнаа тие што ги критикуваа Арачиновци за неплаќањето на струја добија објаснување дека причината за нападите не е затоа што тие се Албанци туку затоа што така се урива правниот систем и се прави дискриминација на сите граѓани кој плаќаат струја.



,,Јас сум 100% сигурен дека да можат огромен дел Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи…не би плаќале струја. Сиромаштијата има чудна моќ да те натера да се прилагодиш за да преживееш.

Ама во случајов, апсолутното мнозинство од неплаќачите во Арачиново се Албанци. И не се неплаќачи затоа што се Албанци, туку затоа што некој, кој има моќ да вети, им ветил дека правилата што важат за другите, нема да важат за нив.

Е па, драги пријатели со широки сфаќања, “тој, некој” е проблемот и “тој некој” го кењаме, не Албанците. Пошо “тој некој” вработува неспособни за да му бидат лојални, договара матни и тајни зделки што ги плаќаме сите за да купи уште некој ден во фотелја и на “тој некој” му правите колоноскопија секогаш кога релативизирате и дефокусирате. И утре, “тој некој” ќе си се пензионира со милионите и ќе ви се моча на глава, а вие ќе си останете никој и ништо”, пишува инфлуенсерот и активист Илче Затаракоски кој важи за критичар на сите власти кога грешат.

Претходно и Горан Михајловски од СДК ги отфрли критиките дека осудата на Арачиновци е национализам кон Албанците.

СДК за струјата во Арачиново: НАТО членка преговара за дивовклучени и чесни корисници на ЕВН